Следни испити

Август/Септември
П В С Ч П С Н
14151617181920
21222324252627
28293031123
45678910
11121314151617
сите

Новости

15 Август 2017

Почитувани студенти,

Во продолжение следуваат неколку правила кои треба да ги почитувате во оваа испитна сесија – септември 2016/2017.

повеќе

06 Август 2017

Понеделник 07.08.2017, Хотел Театар - Битола
од 10:00-13:00 „На кафе со ЕУ ИПА Проектот"
Центарот за вработување Битола организира информативен настан од неформалнен карактер во рамките на ЕУ-ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади" за младите невработени лица, на возраст до 29 год., активни баратели на работа.

повеќе

01 Август 2017

Им се соопштува на студентите дека испитите за септемвриска сесија од зимски семестар кај проф. д-р Мирка Поп Николова Радевска од среда 31. 08. 2017 се презакажуваат на 21. 08. 2017 во 10 часот - училна 12.

Распоред за испити во септемвриска сесија

повеќе

12 Јуни 2017

Центарот за обука на пилоти и Министерството за одбрана нуди можност за практична настава за студенти на ТФБ од 3-та и 4-та година.

Практичната настава ќе се реализира преку Летната школа за авијација од 20.06 (Вторник) до 23.06.2016 (Петок) во Центарот за обука на пилоти на аеродром Петровец. Во прилог се предлог програмата и постерот на школата.

повеќе

24 Мај 2017

Распоред за испити во јунска сесија

Распоред за испити во септемвриска сесија

повеќе

15 Август 2016

Се известуваат студентите дека отворено е електронското пријавување на испити во iKnow системот за септемвриска сесија. Студентите задолжително треба електронски да се пријават во iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

КОНКУРС за доделување 5 стипендии од ЕЛЕМ


РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО 26.05.2017 ГОД.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат во I-ва година во учебната 2016/2017 година на електротехнички отсек.

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Документите се поднесуваат до Архивата на Техничкиот факултет-Битола најдоцна до 26.05.2017 год.

Конкурс
Апликација

НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ


На 10 и 11 мај 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски" – Битола ќе престојува експертски тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети со цел спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Посетата на експертскиот тим е единствена можност за добивање надворешна, објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, Комисијата за самоевалуација на Универзитетот, студенти, надворешни чинители, како и одвоени посети на неколку единици на Универзитетот.

Втората посета на тимот е закажана во периодот од 16 до 19 октомври, 2017 година.

Гостувачко предавање на тема Inverse Problems in Heat Transfer, Solid Mechanics and Fluid Mechanics


Четврток, 18 мај 2017, 11ч. просторија 412, Технички факултет - Битола
ПРЕДАВАЧ: проф. George S. Dulikravch
Maidroc Laboratory
Department of Mechanical and Materials Engineering,
Florida International University

КОНКУРС за стипендирање од ЕВН


ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО 05.05.2017 ГОД.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат, во I-ва, II-ра, III-та и IV-та година, во учебната 2016/2017 година на електротехнички отсек.

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Документите се поднесуваат до Архивата на Техничкиот факултет-Битола најдоцна до 20.04.2017 05.05.2017 год. од 12:00 часот.

Конкурс 

Апликација

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СООБРАЌАЈНИ ИСТРАЖУВАЊА НА ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ








 

На 25.04.2017 година, на Технички факултет во Битола, одржана е работилница на тема „Презентација на сообраќајни истражувања на лабораторијата за сообраќај и транспорт".

На работилницата беа присутни средношколците од ОЕМУЦ Св. „Наум Охридски" од Охрид, предводени од нивните наставници, како и преставници од секторите за сообраќај при Општина Битола и Општина Прилеп.

Повеќе информации тука.

 

 

 

 

 

.

Практикантска работа во ЕВН Македонија


 

ЕВН Македонија отвора повик за практична имплементација на академското знаење преку студенска пракса во месеците Јуни, Јули и Август.

Аплицирајте најдоцна до 15.06.2017 на praktikum@evn.mk

Повеќе информации: ТУКА

Информации за можност за професионален развој во ЕВН Македонија http://evn.mk/Careers/Scholarship-and-internship-programs.aspx


Гостувачки предавања на Проф. д-р Драго Север од Универзитетот во Марибор


Во текот на месец април во рамките на ЕРАЗМУС + програмата за мобилност на академски кадар гостувачки предавања ќе реализира проф. д-р Драго Север од Универзитетот во Марибор, Факултет за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура.

Распоредот на предавањата, целните групи се дадени во прилог.


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |