Асистент М-р Зоран Котевски
- Отсек
- Графичко инженерство
- Кабинет
- 3
- Локал
- 114
- Дир. телефон
- 047 207-714
- zoran.kotevski@uklo.edu.mk
Роден сум на 27.10.1974 година во Битола, каде што завршив основно училиште и средно образование во ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов“, насока – автоматика и сметачка техника. На 30.05.2002 година дипломирав на Техничкиот факултет во Битола, насока – графичко инженерство, со просечен успех 8,51 и дипломска работа со наслов “Моделирање на World Wide Web графика”. Постдипломските студии на Техничкиот факултет во Битола ги завршив со просечен успех 10,00 и на 26.12.2007 година го одбранив магистерскиот труд со наслов „Анализа на квалитетот и перформансите на техниките за MPEG-2 компресија“ (под менторство на Проф. д-р Пеце Митревски) со што се стекнав со академски степен – магистер од областа на графичкото инженерство (насока – графички дизајн и мултимедија).
Уште во текот на студирањето бев ангажиран како демонстратор, а потоа бев избиран за помлад асистент за предметот Графички материјали (Билтен бр. 241 од 30.09.2002) и помлад асистент од областа Припрема за печатење и ДТП (Билтен бр. 250 од 30.04.2003) на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Од 26.11.2008 сум избран за асистент од областа на Графичкото инженерство, на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Активно го владеам англискиот и српско-хрватскиот јазик.
Наставно-образовна дејност
Во учебната 2001/02 година бев ангажиран како демонстратор по предметите Материјали во графичката технологија и Графички бои на Отсекот за графичко инженерство на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Битола.
Во следните две учебни години, 2002/03 и 2003/04, бев ангажиран како помлад асистент (со договор за дело) по предметите Материјали во графичката технологија, Графички бои и Користење на дигитални сметачки машини (сите на Отсекот за графичко инженерство), како и по предметот Интернет и mултимедија (на Отсекот за информатика и компјутерска техника).
Од учебната 2004/05 до 2007/2008, бев ангажиран како надворешен стручен соработник на Техничкиот факултет во Битола, за предметите Материјали во графичката технологија, Печатарски форми и Користење на дигитални сметачки машини (на Отсекот за графичко инженерство) и за предметот Интернет и Мултимедија (на Отсекот за информатика и компјутерска техника).
Од 26.11.2008, па сѐ до денес сум избран за асистент од областа на Графичкото инженерство, на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Во изминатиов период, особено внимание посветив на перманентното научно и стручно усовршување. Остварив интензивна проектна соработка и во неколку наврати престојував на Националниот институт за телекомуникации во Еври (Париз) – Франција и на Далечинскиот универзитет во Хаген – Германија.
Исто така ги поседувам и следните сертификати:
- Certificate of course completion, CCNA Exploration – Networking Fundamentals, Cisco Networking Academy
- TOEFL Certificate, ETS ®
Научно-истражувачка дејност
Монографии и други заклучени дела:
[1] Котевски, З., „Анализа на квалитетот и перформансите на техниките за MPEG-2 компресија“, 164 стр., магистерски труд, Технички факултет, Битола 2007
[2] Неделковски, И., Котевски, З., „Интернет и мултимедија – практикум“, второ издание, Технички факултет, Битола, 2007
[3] Неделковски, И., Котевски, З., „Интернет и мултимедија – практикум“, ISBN: 9989-786-44-5, Технички факултет, Битола, 2005
Трудови со оригинални научни резултати во Зборник на трудови на научен собир:
[4] Kotevski, Z., Nedelkovski, I., Jolevski, T., „Photorealistic Interactive Visualization” –Proc. of the 13th International Symposium in the Field of Pulp, Paper, Graphics and Packaging, Zlatibor, Serbia, 2008
[5] Kotevski, Z., Nedelkovski, I., „SWOT Аnalysis of Methods for Automatic Vectorization of Digital Photos into 3D Model”, Proc. of the XLII International Scientific Conference on Information, Communication and Energy Systems and Technologies (ICEST 2007), Ohrid, Macedonia, 2007
Други стручни трудови:
[6] Котевски, З., „Автоматска векторизација на 3D објекти”, 2007
[7] Котевски, З., „Интерактивна визуелизација“, 2007
[8] Котевски, З., „Менаџмент на мултимедијални проекти“, 2007
[9] Котевски, З., „Менаџмент системи за квалитет“, 2006
· Учество во проекти од национален и меѓународен карактер:
[1] „Електронска општина“, Општина Битола, EU Phare проект за Развој на локалната самопурава MA 01/0108, 2003 – 2004
[2] “Wireless Campus for Strengthening of Student Services”, Tempus UM_JEP 17045-2002
[3] “Virtual Digital Library and Digitalization as a part of DES”, Tempus UM_JEP 16155-2001
Учество на семинари од меѓународен карактер:
[1] INTERREG III A / CARDS, GREECE – F.Y.R.O.M., “Modern Technologies for Water and Wastewater Treatment”, Greece, June 2007
Почетна
Мапа на сајтот