Вонр. проф. Д-р Елизабета Христовска
- Отсек
- Машински
- Кабинет
- 303/3
- Локал
- 132, 106
- Дир. телефон
- +389 (0)47 207 732
- elizabeta.hristovska@uklo.edu.mk
Родена 12.11.1969 год. во Битола. Основно и средно образование завршува во Битола со континуиран одличен успех. Студиите ги завршува на Техничкиот факултет во Битола, машински отсек, во рекорден рок со просечна оценка на студирање 9,11. За вака постигнатите резултати, во текот на студиите била истакнувана како најдобар студент на генерацијата и примала стипендија од Министерството за наука на РМ по критериумите за талентирани студенти. Во текот на студиите ја извршувала задачата демонстратор по предметот Јакост на материјали. Постдипломските студии ги завршува на Машинскиот факултет во Скопје, Институт за машински конструкции и механизациони машини и возила. Како постдипломец покажува исто така натпросечни резултати положувајќи ги редовно предвидените испити со највисоки оценки. Како постдипломец користела стипендија за научни и стручни кадри од Министерството за наука на РМ. Докторската дисертација ја одбрани на Машинскиот факултет во Скопје. На Техничкиот факултет во Битола е од 1996 год. кога се вработи како помлад асистент по група предмети од катедрата по механика. Усовршувајќи се и напредувајќи во својата кариера денес е вонреден професор и продекан за настава. Предава на додипломските студии на машинскиот, електротехничкиот и отсекот за информатика и компјутерска техника. Наставник е по предметот Сигурност и надежност на термоенергетските постројки на постдипломските студии на машинскиот отсек. Извесно време беше и наставник по предметот Земјоделски машини и опрема на Факултетот за биотехнички науки во Битола.
Важни датуми на научно и стручно усовршување
Дипломира: 29.06.1993 год. на Техничкиот факултет во Битола со дипломската работа со наслов Проектирање на градежен кран.
Магистрира: 04.04.1997 год. на Машинскиот факултет во Скопје со магистерскиот труд со наслов Оптимирање на преносници за погон на ротирачкото тркало кај багерите.
Докторира: 28.06.2000 год. на Машинскиот факултет во Скопје со докторската дисертација со наслов Корелација на деформационо-напонските и конструктивните карактеристики на затегите со носечката конструкција на работниот орган на багерите.
Избор за помлад асистент: 01.03.1996 год., Технички факултет-Битола.
Предвремен избор за асистент: 26.12.1997 год., Технички факултет-Битола.
Реизбор за асистент: 20.02.2001 год., Технички факултет-Битола.
Избор за доцент: 16.10.2001 год., Технички факултет-Битола.
Избор за вонреден професор: 27.06.2006 год., Технички факултет-Битола.
Избор на продекан за настава: 01.10.2006 год., Технички факултет-Битола.
Научно-истражувачки интерес
Научно подрачје: 2.00 Техничко-технолошки науки
Поле: 2.14 Машинство
Области (дисциплини):
21400 Општо машинство, проектирање и машински конструкции
21412 Земјоделско машинство и механизација
21413 Транспортна механизација
Објавени научни трудови во земјата и странство: 59
Научно-истражувачки проекти: 1 во земјата
Развојно-истражувачки проекти: 1 меѓународен
Апликативни проекти: 5 во земјата
Објавени учебници и учебни помагала: 1 збирка задачи и 1 практикум
Интерни скрипти: 5 учебници и 5 учебни помагала
Гостувачки предавања: 1 во странство
Студиски престои: 7 во странство
Останати активности: апликативна дејност; учество во активности на 3 TEMPUS проекти; проследени повеќедневни 5 семинари и 2 конференции за научно и стручно усовршување; презентирање на научни трудови на повеќе меѓународни конференции во земјата и странство; учество на саем со нов производ како конструктор; промоција во медиумите со нов производ како конструктор; рецензент на учебник, проекти, наставник, асистенти; вклученост во дипломски работи итн.
Членство во научни и стручни асоцијации и друштва: беше потпретседател на Македонското научно друштво-Битола (МНД-Битола), секретар на Одделението за техника на МНД-Битола, член на Управниот одбор на МНД-Битола, член на Уредувачки совет на ДНУ-Битола и МНД-Битола, претседател на редакциски одбор на Зборник од научна конференција; а денес е член на Собранието на Институтот за стандардизација при Министерството за економија на РМ, член на технички комитет ТК-19 при Институтот за стандардизација на РМ, претседател на Собранието на КЛАСТЕР на производители на приклучна земјоделска механизација и опрема за сточарско производство “БИПОМ-М”, член и потпретседател на Комисија за издавачка дејност и Комисија за наставни и научни прашања при Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола.
Научни признанија: Плакета на ДНУ-Битола, за активности на научната мисла по повод 40 години постоење на друштвото, 2001 год.; Плакета на МНД-Битола, за плодна соработка и придонес во афирмација на научната мисла, 2007 година.
Предмети кои ги покрива
Транспортни уреди, машински отсек, студиска програма Општо машинство.
Метални конструкции, машински отсек, студиска програма Општо машинство.
Менаџмент на транспорт во индустриски системи, машински отсек, студиска програма Индустриски менаџмент.
Земјоделски машини и менизација, машински отсек, студиска програма Земјоделско-прехрамбено машинство.
Механизациони системи, електротехнички отсек-студиска програма Индустриска енергетика.
Современи јакосни и конструкциски испитувања, отсек за информатика и компјутерска техника-студиска програма Техничка информатика, студиска програма Информатичко и техничко образование.
Почетна
Мапа на сајтот