Престој на Универзитетот во Марибор од 10 јули до 10 септември 2008 година
Студентот Ирка Малиќевиќ, апсолвент на Отсекот за сообраќај и транспорт ќе престојува на Универзитетот во Марибор, на Факултетот за градежништво - Центар за транспортна економика во периодот од 10 јули до 10 септември 2008 година. Престојот е овозможен во рамките на програмата за размена на студенти од техничките факултети - IAESTE Словенија.
Ирка Малиќевиќ ќе извршува двемесечна студиска практика под водство на д-р Станислав Божичник, раководител на Центарот за транспортна економика.
Словачка од 11 до 14 јуни
Европската конференција за студенти по сообраќај и транспорт која оваа година се одржа по шести пат, беше организирана од Факултетот за Организација и економика во транспортот и комуникациите при Универзитетот во Жилина, Словачка, во терминот од 11 до 14 јуни. Главната тема беше „Модалнната распределба на транспортот како економски индикатор“ на која дискутираа студенти и млади истражувачи од областа на сообраќајот и транспортот од повеќе факултети од Србија, Хрватска, Чешка, Германија, Русија и од нашата земја. Нашиот факултет го претставуваше петчлена екипа која зазеде активно учество во сите панели,а воедно имаше забележително претставување преку излагањето на студентот-дипломец Ива Лозановска со нејзиниот труд „Контрола на вонулично паркирање во Мал ринг во Центар на град Скопје“. Трудот беше објавен во Зборникот на трудови на Конференцијата.
Форум за PTV Vision во APPIA Љубљана, Словенија
Во периодот од 29 до 30.05.2008 се одржа форум за корисниците на PTV Vision во Љубљана, Словенија. Како учесник на форумот, свое излагање имаше демонстраторот м-р Даниела Колтовска Нечоска од Отсекот за сообраќај и транспорт. Во текот на форумот паралелно се одвиваа основна и напредна обука за VISSIM и VISUM на коишто се обучуваше м-р Колтовска, како единствен претставник од Македонија.
Во рамките на Форумот беше организирана стручна екскурзија во Козине - центар за управување и контрола на сообраќајот.
Електријада 2008
На 23 мај во Теслич - Босна и Херцеговина одржана е 48 меѓународна средба на студентите по електротехника односно електријада 2008. На овие средби учествуваа претставници од 14 факултети по електротехника од поранешните југословенски републики, Република Бугарија и други земји. На оваа средба учествуваше и екипа од Технички факултет - Битола од електротехничкиот отсек на натпреварот по "Анализа на електроенергетски системи".
Екипно студентите Трајковски Христо, Мијоски Томче и Мијоски Кире го освоија третото место.
Учеството на студентите на електријадата финансиски во потполност го обезбеди управата на Технички факултет - Битола. Подготовката на студентите по предметот Aнализа на електроенергетски системи кај проф. Д-р Љупчо Трпезановски ја изведуваше асистент М-р Методија Атанасовски.
Соработка меѓу ТФБ и Универзитет во Марибор
Во периодот од 19 до 21.05.2008 студентката постдипломец на Отсекот за сообраќај и транспорт, Наташа Гредоска, на покана на Универзитетот во Марибор, Словенија, беше гостин на одделот за сообраќај и транспорт на Градежниот факултет. Посетата беше организирана во духот на соработката меѓу Технички факултет - Отсек за сообраќај и транспорт и Градежниот факултет во Марибор. Во текот на престојот се посети Универзитетот во Марибор, универзитетската библиотека и се учествуваше на предавање од областа на јавниот градски превоз во Виена, Австрија.
Почетна
Мапа на сајтот