SEETRANS (South Eastern Europe Transport)
Од 11 до 13 април 2011 на повик на Универзитетот во Марибор, екипа од ТФБ (ред.проф.д-р Кристи Бомболу и ред.проф.д-р Александар Маркоски) чествуваше на меѓународниот собир SEETRANS (South Eastern Europe Transport). Претставен беше профилот на нашата институција и искуствотo како најдобра практика во проекти од ФП7 програмата.
Гостувачко предавање на Технички факултет – Битола од претставници на Универзитетот во Љубљана
Званична посета и гостувачко предавање на Технички факултет – Битола од претставници на Универзитетот во Љубљана (Факултет за поморство и сообраќај - Порторож), Република Словенија
На 15.03.2011 г. на Техничкиот факултет – Битола пристигнаа претставници од Универзитетот во Љубљана со цел остварување соработка на академски и професионален план.
Од Факултетот за поморство и сообраќај во Порторож гости беа проф. д-р Елен Тврди (декан) и проф.д-р Марко Павлиха. Д-р Елен Тврди одржа гостувачко предавање на тема:
„PROGRAMMES OF STUDY AND ERASMUS PROGRAMME АТ ТНЕ FACULTY OF MARITIME STUDIES AND TRANSPORTATION (University of Ljubljana)“
Посетата беше проследена со прием кај деканот на Техничкиот факултет и средба со претставниците и студентите на Отсекот за сообраќај и транспорт.
Програма на стипендии
Програма на стипендии за макендонските студнети кои посакуваат да следат дел од нивните студми во Франција. Повеќе информации тука. За дополнителни информации посетете ја страната http://www.nplusi.com/
Гостувачко предавање 19 мај, 2009
„ Simulation Models for Airport Planning and Air Traffic Management Analysis“. Тања Лучкова работи во Германскиот центар за воздушен сообраќај и вселенски истражувања со седиште во Брауншвајг (German Aerospace Center). Презентацијата можете да ја преземете од тука.
Гостувачко предавање 13.03.2009 од областа на воздушен сообраќај
На 13.03.2009 во Технички Факултет Битола се одржа и првото гостувачко предавање од областа на воздушниот сообраќај со наслов:
"МУЛТИРАТЕРАЦИЈА КАКО ТЕХНИКА НА КОНТРОЛА НА ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ"
Гостувачки професор беше проф.д-р Иван Маркежиќ од Универзитетот во Загреб, Факултет за сообраќајни науки.
Презентацијата од предавањето можете да ја преземете од тука.
Следуваат фотографии.
Гостувачки предавања од 18 до 20 јуни 2008
Во периодот од 18 до 20 јуни 2008, на Техничкиот факултет – Битола, на покана на Отсекот за сообраќај и транспорт, се одржаа две гостувачки предавања. Гости – предавачи беа проф.д-р Марио Анжек од Факултетот за сообраќајни науки, Универзитет Загреб, Хрватска и доц. д-р Томаж Махер од Факултетот за градежништво и геодезија - Институт за сообраќајна техника, Универзитет Љубљана, Словенија.
Проф.д-р Марио Анжек одржа предавање на тема „Интелигентните транспортни системи според мерка на човекот“.
Доц. д-р Томаж МАХЕР одржа предавање на тема: „Функционален развој на интелигентните транспортни системи во Словенија“.
Предавањата беа наменети за академскиот кадар на ТФ, додипломските и постдипломските студенти од Отсекот за сообраќај и транспорт.
Поканата на гостувачките професори беше организирана во духот на меѓусебната соработка на Технички факултет и соодветните универзитетски институции од Хрватска и Словенија
Мобилноста на академскиот кадар и студентите
Мобилноста на академскиот кадар и студентите, претпоставува склучување на договори за заемна соработка. Во таа смисла во април 2005 год. во просториите на Хрватската академија знаности во Загреб, беше потпишана Декларација за академска соработка меѓу 12 факултети од областа сообраќај и транспорт од Европа. Меѓу 12 факултети потписник на Декларацијата беше и Технички факултет - Битола. Целта е формализација на академската соработка на европските сродни факултети во контекст на реформите на високообразованиот систем.
Активностите за заемна соработка се формирализирани и со Договор меѓу Универзитетот ‘DEGLI STUDI DELL’AQUILA од Италија и Технички факултет - Битола.
- Од 2 до 8 октомври 2005 година на Технички факултет - Битола се одржа четвртиот по ред Меѓународен курс за симулациони технологии и паралелни нумерички пресметки, популарно познат како SymLab. На курсот учествуваа 62 регистрирани учесници од 8 земји од 10 универзитетски средини од регионот и Германија, како и од SimTex.Ltd. Центар за софтверски развој во Солун, Грција. Главен организатор на SimLab курсот е Институтот за симулациони пресметки при Техничкиот Универзитет во Минхен, Германија. Курсот се одржа со основна финансиска поддршка од Германската академска фондација ДААД и со поддршка од програмата на пактот за стабилност на земјите на Југо-источна Европа.
- Тројца студенти од Технички факултет - Битола учествуваа на 7-та по ред летна Академија на која учествуваа најдобрите студенти од техничките факултети од 16 универзитети на Југо-источна Европа, која се одржа од 27 август до 7 септември 2005 година во Петровац, Црна Гора. Главен организатор на летната Академија е Техничкиот факултет при Универзитетот Фридрих Елeкcандар од Ерланген, Германија. И летната Академија се одржа со основна финансиска поддршка од Германската академска фондација ДААД и со поддршка од програмта на Пактот за стабилност на земјите на Југо-источна Европа.
Програмата за натамошен развој на Факултетот предвидува превземање на активности согласно националните приоритети за развој на високото образование: воведување на „додаток на дипломата, (Diploma Supplement), тростепен циклус на образование, развој на заеднички степени, (Joint Degrees), обезбедување на различни форми на доживотно учење. Во таа насока се и проектите: Quality assurance and accreditation system network-TEMPUS SCM, Active class and Active campus as infrastructure for increased student mobility-TEMPUS UM, Sustainalbe Multicultural Interoperable Environment - TEMPUS SCM, кои треба да обезбедат: имплементација на Европските стандарди на агенциите за обезбедување на квалитет, апликација на Националната Агенција за членство во ENQA; поддршка на Болоњскиот процес за зголемување на валитетот во образованието преку доживотно учење, со воведување на Active Class и Active Campus, како и предлог за нов Web базиран протал систем.
Договор за Размена на книги, часописи, универзитетски анали, зборници на трудови со Универзитетот од Орадеа, Романија, 2007
Почетна
Мапа на сајтот