ПОЧЕТОЦИ
Традицијата на изучување на техничките науки во Битола започнува во 1961година, со формирањето на Вишата техничка школа, бележејќи го својот континуитет преку развојот на Техничкиот факултет, кој отпочнувајќи ја првата учебна 1977/78 година, расте и се развива до денес.
МОМЕНТАЛЕН СТАТУС
Технички факултет - Битола е државна институција во состав на Универзитетот Св. Климент Охридски која врши високообразовна, научно-истражувачка и применувачка дејност на подрачјето од пет области на техничките науки:
машинство, сообраќај и транспорт, електротехника, графичко инженерство и информатика и компјутерска техника.
ЕДУКАЦИЈА
На Техничкиот факултет - Битола се застапени современи четиригодишни и тригодишни студии усогласени со европскиот модел на високо образование. Студирајќи овде, станувате креатор на сопствената студиска програма преку можноста за избор на стручните предмети со можност да се добие диплома призната во светски размери.
За повеќе информации на отсеците и студиските програми можете да го преземете информаторот на Технички Факултет - Битола од тука.
Почетна
Мапа на сајтот