Одбрана на Докторска Дисертација
На 12.03.2009 влеговме во историјата - на УКЛО, т.е. на ТФБ се одбрани ПРВИОТ ДОКТОРАТ во Република Македонија од областа на воздушниот сообраќај од м-р Томислав Тунтев на тема: „ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТЕН ПЛАН ЗА КОЛАБОРАТИВНО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ (СDM) НА АЕРОДРОМ ОХРИД“ пред комисија во состав:
1. Проф.д-р Станислав Павлин, ментор, Универзитет во Загреб, Факултет за сообраќајни науки
2. Проф.д-р Стојче Десковски, соментор, УКЛО, ТФ Битола
3. Проф.д-р Кристи Бомбол, претседател на комисија, УКЛО, ТФ Битола
4. Проф. д-р Јосиф Талевски, член, УКЛО, ТФБ
5. Проф.д-р Виолета Маневска, член, УКЛО, ФАМИС
Стручна посета во Скопје
На 09.12.2008 група студенти од трета и четврта година на Отсекот за сообраќај и транспорт беа учесници на стручното предавање коешто се одржа од страна на Александар Дробњак, дипл.инж. и Андреја Ноаковиќ, дипл.инж. од фирмата 3М од Загреб и Белград. Темата на предавањето беше развојот и примената на современите технологии во производство на сообраќајната сигнализација. Предавањето беше проследено со посета во фирмата Бојта-инг од Скопје, која е една од фирмите во РМакедонија којашто произведува вертикална сигнализација.
Учество на меѓународна конференција „ICTS 2008“
Во периодот од 28 до 29 мај 2008, претставник од Отсекот за сообраќај и транспорт учествуваше со свое излагање на меѓународната конференција на сообраќајни науки - ICTS 2008 што се одржа во Порторож, Република Словенија во организација на Факултетот за поморство и сообраќај од Порторож, Универзитет Љубљана.
Лаборатории
Компјутерски училници
Почетна
Мапа на сајтот