Компјутерски училници
Во Технички факултет Битола опремени се вкупно 6 компјутерски училници од кои една е наменета за целодневна работа на студентите за нивни потреби - изработка на семинарски работи, дипломски работи, проекти и слично, и слободен пристап на интернет. Покрај тоа целиот објект на факултетот е покриен со Wireless интернет.
Компјутерските училници опремени се секоја со по 15 компјутери, мрежно поврзани и со пристап на интернет во кои се изведуваат предвидените вежби за соодветните предмети, колковиуми и испити.
Почетна
Мапа на сајтот