Информатор 2010
Информаторот со сите потребни информации за отсеците и студиските програми за упис во учебната 2010/2011 на Технички Факултет - Битола можете да го преземете тука.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ
Добредојдовте
Бидете дел од Европа на знаењето заснована на интелектуални, културни и технички димензии (Болоњска декларација, 1999.)
Технички факултет - Битола денес по триесетгодишен развоен пат претставува еден од неопходните фактори во пирамидата на општественото високо образование и секако потенцијална основа за побрз стопански развој на југозападниот регион, па и целата Република.
Стручњакот што го оформува Техничкиот факултет - Битола веќе излегол од својата анонимност и претставува како и кај нас, така и во светот надеж и неопходност во техниката и науката. Наша желба и настојување ќе биде, како и досега, овој стручњак, образован на оваа високообразовна институција да биде и понатаму врзник помеѓу развојот и производството, негов креатор и реализатор на техничкиот прогрес.
Технички факултет - Битола со својата натамошна активност и постоење ќе доживува промени, ќе се развива и усовршува според најсовремените научни текови, и довербата која досега, несомнено ја има, секако ќе ја оправдува.
Почетна
Мапа на сајтот