29 Април 2014

Практикантска работа во ЕВН Македонија за студенти од електро-техничките насоки.

Сметате дека Ви е потребна пракса од областа на Вашите студии?  

Сакате стекнатото знаење и искуство да го примените во врвна компанија?

Искористете ја можноста која ви ја нуди ЕВН Македонија и направете го првиот чекор кон успешна кариера!

 

 

Практикантска работа во ЕВН Македонија

за студенти од електро-техничките насоки.

_________________________________________________________________________________________

 

Можност за пракса со времетраење од 1 месец во јули, август или септември.

Под менторство на искусни професионалци, во одлична работна атмосфера,  кандидатите ќе бидат вклучени во секојдневните активности на ЕВН Македонија:

 

  • Планирање и одржување на мрежа
  • Нови приклучоци, грижа за корисници
  • Учество во проекти
  • Управување со документација и податоци

 

Кандидатите имаат можност својата практикантска работа да ја извршуваат во еден од Корисничките Енерго Центри во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица или Делчево, како и во некој од техничките оддели во Скопје.

 

Квалификации:

  • Студент во последна / претпоследна студиска година на додипломски студии на електро-технички факултет
  • Студент на последипломски студии на електро-технички факултет
  • Познавање на англиски и/или германски јазик
  • Познавање на MS Office

 

Заинтересираните студенти потребно е да достават своја куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 20.05.2014, на адреса praktikum@evn.mk

Во предмет на дописот се наведува посакуваниот Кориснички Енерго Центар и месец

пр.( КЕЦ Тетово, Септември) .

 

ЕВН Македонија, Човечки ресурси, 11 Октомври бр.9, 1000 Скопје, Р. Македонија

www.evn.mk , praktikum@evn.mk

 

 

 

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !