20 Декември 2013

Се известуваат студентите од прва година дека министерството за здравство на Република Македонија организира бесплатни систематски општи и стоматолошки прегледи на студентите.

 

Прегледите започнуваат од 02.01.2014 и ќе траат до 15,02,2014 од 08 до 18 часот.

 

Напомена: прегледите се задолжителни за сите студенти од прца година студии. Без извршен систематски преглед нема да можат да заверат семестар.