22 Февруари 2013

Се известуваат студентите од електротехничкиот отсек дека на 27.02.2013 год. (среда) ќе се одржи предавање од страна на м-р Цано Јошевски, вработен во РЕК Битола, во просторијата бр. 205 со почеток во 10.30 часот.

 

Се покануваат сите заинтересирани студенти за присуство. Целта на предавањето е запознавање на студентите со практичната примена на нивните знаења во областа на  индустријата за производство на електрична енергија. Мерно регулационите кругови, како и користењето на DCS системите во Термоелектраните, се предизвик за секој студент од оваа област.

ТФБ