21 Јануари 2013

Повици за пријавување на подготвителни посети, за студентска мобилност и за мобилност на акaдемски кадар за академската 2013/2014 год. во рамките на програмата ЕРАЗМУС

 

Повикот за подготвителни посети е со краен рок 31. јануари 2013 год.
Академскиот кадар се пријавува индивидуално и електронски до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија (www.na.org.mk).

Повикот за академска мобилност на студенти и наставен кадар е со краен рок 8. март 2013 год. УКЛО поднесува заедничка пријава до Националната агенција институционално врз основа на доставените податоци со барања и бројки од ТФБ.
За таа цел, потребно е академскиот кадар и студентите да ги разгледаат можностите за размена на студенти за акад. 2013/14 според активните Еразмус билатерални договори (http://www.uklo.edu.mk/files/attachments/50ee733765796.pdf).

Заинтересираниот академски кадар и студенти можат да се пријавуваат кај координаторорт за ЕРАЗМУС на ТФБ - ред. проф.д-р Кристи Бомбол по електронска пошта или лично во кабинет 303/2 (понеделник: 11,30-13ч. и среда: 10,30-12 ч.)
Краен рок за пријавување и формирање на листата е 10.2.2013 год.