10 Април 2013

Во рамките на кампањата Get Online Week, корпорацијата Мајкрософт, како еден од поддржувачите, донира 2.000 бесплатни ваучери за полагање испити за сертификација на Microsoft Technology Associate (MTA).

 

Донираните ваучери и материјали за учење (со просечна вредност од околу 70 евра) имаат за цел да им помогнат на младите да ги истражат можностите за идно вработување во  индустријата за ИТ и да добијат можност за професионална сертификација од Microsoft.

 

Што претставува Microsoft Technology Associate сертификацијата и за кого е наменета?

 

Microsoft Technology Associate (MTA) е сертификација која потврдува дека лицето кое го поседува овој сертификат има познавања потребни за градење кариера во ИТ поврзана  со технологијата на Мајкрософт. МТА е одличен избор  за оние млади лица кои сакаат да го направат првиот чекор во кариерата во областа на ИТ, но и за оние кои сеуште не го направиле својот избор.  

 

Целната група за бесплатните ваучери се млади кои во рамките на своето образование веќе стекнале одредени знаења и вештини од ИТ, што ќе им помогне полесно да се одлучат за својата идна кариера.

 

Сите заинтересирани млади лица можат да добијат повеќе информации на следниот линк.

 

Во текот на оваа недела (до 24-ти април), сите заинтересирани лица можат да го изразат својот интерес за сертификатите МТА пополнувајќи ја следната апликација. Бројот на ваучери кои ќе бидат доделени во Македонија ќе зависи од интересот.

 

Повеќе инфо преземете оттука.

 

Со почит,