11 Јуни 2020

Почитувани студенти,
Ве информирам дека испитите по предметите Техничка механика/Механика I и Јакост на материјалите, ќе се одржат во закажаните термини според објавениот распоред, во просторија 9 (наместо предвидената просторија 205). Сакам уште еднаш да ви посочам дека право на полагање испит, согласно акредитираните елаборати на студиските програми, имаат само студентите кои навремено ќе ги достават програмските задачи и како потврда за тоа ќе добијат потпис во индексот. За оние кои комуницираат по електронски пат, програмските задачи треба да ги достават во електронска верзија до проф. Севде, а со право за полагање се стекнуваат по нејзино одобрување дека истите се точно изработени, (најдоцна 1 ден пред полагањето на испитот).

Со почит,
Проф. Бахтовска

.