25 Февруари 2013

Почитувани студенти! Ве информираме дека согласно одржаната презенатација на ЛТХ Леарница - Охрид минатата недела, превземете ја следната информација која се однесува на можностите кои се нудат од нивна страна....

ПРОГРАМА ЗА СТУДЕНТИ

Програмата за студентите претставува вистински предизвик за оние кои сакаат професионален развој. Програмата за студентите е воведна обука во теоријата и практиката во инжинерството. Оваа програма преставува можност за вработување во ЛТХ Леарница.

Цел
Оваа програма нуди можност за учениците да го применат своето теоретско знаење во праксата. Исто така оваа програма дава можност за студентите и за ЛТХ Леарница да проценат дали способностите и личните квалитети на кандидатите се вклопуваат во посебниот начин на работа на ЛТХ Леарница.

Содржина на обуката


Извршувањето на пракса во ЛТХ Лерница ДООЕЛ –Охрид го опфаќа запознавање со целокупниот процес на производство. Започнувајќи од добивањето на нацрт на производот, негово леење, обработување, добивање на готов производ па се до испораката на купувачите.
Практикантите во текот на извршувањето на праксата добиваат обуката на работното место и запознавањето на работната средина во која се под менторство на постарите колеги.
Кандидатите имаат можност за интерактивно набљудување и учество во секојдневната работа во вистински работни задачи и одговорности.
Обуката се одвива во просториите на ЛТХ Леарница  во Охрид.
Апликации за пракса во ЛТХ Леарница  се прифаќаат во текот на целата година, а селекцијата на кандидати се врши на месечна основа. Кандидатите кои аплицирале ќе бидат известени за започнувањето на праксата, распоредени со приоритет на најраните примени апликации.

Што по завршување на програмата?
По завршувањето на праксата од страна на кандидадтите, постои можност за нивно вработување во ЛТХ Леарница. Сепак, не постои законска обврска за склучување на договор за вработување меѓу кандидатот и Друштвото.


Ако резултатите на учесникот во текот на извршувањето на праксата не се задоволителни, програмата може да му биде прекината со претходно известување во рок од три дена.

Можете да  аплицирате на адресата на ЛТХ Леарница ул.15-ти Корпус бр.89 Охрид - со назнака за практикантска работа или на емаил адреса
Ivana.sterioska@lthcastings.com

ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ – Охрид
УПРАВИТЕЛ
РОБЕРТ ВОДУШЕК