Запишете се во новата 2012/2013 учебна година на ТФБ !!!
Почитувани идни студенти и љубители на техничките науки. Во деновите кога Вие и Вашите помлади членови во семејството ја донесуваат една од најважните одлуки во животот, дозволете ни да Ве информираме за можностите, капацитетите и понудата на Технички Факултет - Битола за новата академска 2012/2013 година. Повеќе.
За патот кој чекорела институцијата 50+1 година наназад, од далечната 1961 година., повелете прелистајте ја Монографијата 50 години ТФБ, издадена по тој повод. Реклама !!! Презентации !!!
50 години Технички Факултет - Битола
Почитувани! Технички факултет - Битола, оваа година слави 50 години од основањето во далечната 1961 год. Сите ние заедно со вас, имаме особена чест да бидеме дел од овие моменти прославувајќи го златниот јубилеј на нашиот факултет, со обврска и завет дека секогаш ќе бидеме подобри и поуспешни. Нека ни е честит јубилејот! монографијата на Технички факултет Битола можете да ја преземете оттука во македонска и англиска верзија.
Добредојдовте
Бидете дел од Европа на знаењето заснована на интелектуални, културни и технички димензии (Болоњска декларација, 1999.)
Технички факултет - Битола денес по триесетгодишен развоен пат претставува еден од неопходните фактори во пирамидата на општественото високо образование и секако потенцијална основа за побрз стопански развој на југозападниот регион, па и целата Република.
Стручњакот што го оформува Техничкиот факултет - Битола веќе излегол од својата анонимност и претставува како и кај нас, така и во светот надеж и неопходност во техниката и науката. Наша желба и настојување ќе биде, како и досега, овој стручњак, образован на оваа високообразовна институција да биде и понатаму врзник помеѓу развојот и производството, негов креатор и реализатор на техничкиот прогрес.
Технички факултет - Битола со својата натамошна активност и постоење ќе доживува промени, ќе се развива и усовршува според најсовремените научни текови, и довербата која досега, несомнено ја има, секако ќе ја оправдува.
Почетна
Мапа на сајтот